Имате бизнис а немате бизнис вебсајт? Тоа можеби е причината заради која немате голем број клиенти. Вашиот вебсајт е личната карта за вашиот бизнис – и има огромна улога во атракцијата на клиенти.
Живееме во дигитално време – Корисниците на Фејсбук во просек ја користат платформата 14 пати дневно.
Просто кажано, ако немате вебсајт – вашиот бизнис ќе биде невидлив. Во најдобар случај ќе губите голем дел потенцијални клиент, а во најлош – сигурно ви текна.
Во минатото, кога секој вебсајт бил рачно кодиран – вие не би можеле да креирате вебсајт. Но не плашете се, во денешно време, креирањето вебсајт не е страшна задача.
Има голем број лесни начини да добиете вебсајт – или дигитална лична карта. Денеска ќе ви откриеме 5 лесни, но и ефтини начини да добиете бизнис вебсајт.
Ако не сакате да вложите време, а сакате да имате вебсајт – прескокнете до петтиот начин.
1. Зачленете се на Бизнис ИД

Можеби мислите дека тоа што го добивате од Бизнис ИД не е вебсајт – и делумно сте во право. Објавата на Бизнис ИД не служи како целосен бизнис вебсајт. Но тука има друга предност.
Кога некој доаѓа на нашиот вебсајт, најчесто бара некоја услуга – ако го најде вашиот бизнис, тој ќе стане ваш клиент.
Исто така немора да потрошите пари на вашата објава – постои и бесплатна опција.
Бизнис ИД има добра оптимизација за пребарувачо, тоа значи дека лесно ќе ве наоѓаат на Google – Голем број од објектите излегуваат на првата страна.

Освен добрата СЕО оптимизација, има и многу други преднсоти со објава на Бизнис ИД.
- Добивате место на кое што секој ваш клиент може да остави препорака или рецензија.
- Брз пристап до информации за вашите клиенти, минимален дизајн со сите потребни информации.
- Систем каде што посетителите може да ви испраќаат пораки.
Како да се претплатам?
Кликнете го линкот, потоа одберете пакет и внесете ги вашите податоци – извршете уплата ако одбравте платен пакет и вашата дигитална лична карта ќе биде објавена.
2. Искористете Google My Business
Освен тоа што Google My Business може да го подобри изгледот на вашиот Google резултат, Google исто така може да ви понуди и едностран вебсајт – не е многу опширен, но може да ги додадете сите потребни информации за вашите локации и сервиси.
Како да креирам вебсајт со Google My Business?
Отворете го вебсајтот на Google My Business. Потоа ќе бидете прашани да го додадете вашиот бизнис во Google My Business.
Откако ќе го додадете, ќе ја видите опцијата да креирате вебсајт на вашата лева страна.

Процесот за креирање на вебсајт е премногу лесен и сите чекори се јасно прикажани на самата платформа.
3. Carrd.co
Кард е веб билдер кој има специјално место во дигиталниот свет. Оптимизиран е за едностран вебсајт, и за корисници кои „незнаат компјутер да вклучат“ – тоа значи дека кои и да сте, ако знаете англиски, ќе можете да креирате вебсајт со Carrd.co.
Еден недостаток со овој метод – бесплатната верзија е доста лимитирана. Иако можете да креирате океј вебсајт, некои функции не ви се достапни – и лимитрани сте со број на елементи.
Најголем недостаток на бесплатната верзија е доменот. Не ви е дозволено да поврзете сопствен домен, морате да користите domain.carrd.co, а тоа не искажува професионалност.
Но за среќа цените на кард се премногу ниски, за само $19 годишно можете да ги скршите повеќето ограничувања кои ги има бесплатната верзија. Тоа значи:
- Можете да поставите сопствен домен (пр. primer.mk)
- Добивате можност за интеграција со Google Analytics
- Можност да интегрирате свој код
- Едноставни форми преку кои клиентите ќе може да ве контактираат
- Поголем број и подобри темплејти(шаблони)
- Се брише лимитот на број на елементи
4. Еден од популарните веб билдери
Кога ќе спомнеме популарен веб билдер, најверојатно на памет ви доаѓа еден од следниве – Wix или WordPress.com– и во право сте, за нив ќе зборуваме.
Бесплатните верзии на овие веб билдери се најчесто неупотребливи, затоа најверојатно ќе треба да се претплатите на некој повисок пакет.
Wix
Иако Wix е доста напреден веб билдер, бесплатниот пакет во овој случај е неупотреблив. Како прво, немате можност да си поврзете ваш домен, а да користите поддомен е многу непрофесионално.
Веб просторот од 500MB можеби и ќе ви биде доволен, но месечниот сообраќај од 1GB ќе биде брзо надминат ако имате поголем број посетители.
Првиот план кој изгледа користлив е “unlimited”. Но, со цена од 700 денари($12.5), доста поисплатливо е да контактирате веб-дизајнерски тим и да добиете хостиран веб-сајт за помала сума – но нема да вложувате време.
WordPress
WordPress е малку пообар од Wix, дури и бесплатниот план доаѓа со 3GB простор и неограничен месечен сообраќај. Но сеуште сте лимитирани со вашиот домен, и затоа бесплатниот план и тука е неупотреблив.
Најефтиниот план кој е употреблив е со цена од 1400 денари($25) месечно. Одозгора на тоа, истиот морате да го платите за целата година. Овој е првиот план со кој можете да ги користите повеќето функции на WordPress.
Запамтете дека WordPress платформата е бесплата и секој може да ја користи на веб хостинг од $2 месечно. Не е ништо потешко да се инсталира и да се креира вебсајт со WordPres.
WordPress.com само го користи софтверот од WordPress.org и наплаќа за тоа.
Не е исплатливо да се користат овие веб билдери
По се што разгледавме за WordPress.com и Wix, најверојатно не сакате да ги користите. И во право сте. Зошто да ги користите кога треба да платите огромни суми на пари?
Ако сте заинтересирани сами да креирате веб-сајт, прочитајте го овој блог пост за да научите како да си купите хостинг и домен, и да започнате со креирање на вашиот вебсајт. На овој начин ќе заштедите барем 50% од цената на веб билдерите, најчесто и повеќе.
5. Контактирајте професионален тим
Ако досега не се пронајдовте во претходните 4 методи за креирање бизнис вебсајт, ова е најлесниот начин – со најмалку вложено време.
Нашиот тим може да ви помогне да го реализирате вашиот сон – и тоа по ниска цена. На повеќето бизниси не им е потребен огромен вебсајт, затоа ние креиравме понуда која е соодветна за повеќето бизниси.

Тука спаѓа едностран вебсајт сличен на овој вебсајт – по цена од 5982 денари(€97). Тука е вклучено:
- Изложување на сите потребни информации
- Модерен дизајн
- Интеграција со социјални мрежи
- Оптимизација за пребарувачи (Google, Bing…)
- Хостирање на вебсајтот
- Аналитика на посетители
- Блог – опционално
- Административен дел за лесни промени
- Брза изработка
За разлика од користење на WordPress.com или Wix, тука добивате готов вебсајт, но исто така добивате тим со кој можете да контактирате.
Ве очекуваме! Можете да не контактирате преку меил на [email protected] или преку телефон на 075219058.