Опис

Демир Капија (Железна Порта или Железна Врата на турски) — гратче во Ниска Македонија непосредно пред познатата Демиркаписка Клисура од десната страна на реката Вардар. Демир Капија е важна железничка станица и се наоѓа непосредно до меѓународниот автопат Е75. Гратчето претставува административно седиште на истоимената општина.

Гратчето се наоѓа во јужниот дел на областа Тиквешија, пред Вардар да навлезе во Демиркаписката Клисура. Низ Демир Капија тече реката Бошава, којашто недалеку од него се влева во Вардар. Се наоѓа на 115 метри надморска височина. Градот е оддалечен 19 километри јужно од Неготино, 29 километри југоисточно од Кавадарци, 35 километри северозападно од Валандово, 45 километри северно од Гевгелија и 60 км југоисточно од Велес.

Локација

Marshal Tito 19, Демир Капија 1442, Македонија

mood_bad
  • Сè уште нема коментари
  • Додадете преглед
    Додај Место