Политика за приватност

Полиса за приватност на онлајн сервисот Бизнис ИД го уредува начинот на кој се собираат, одржуваат и откриваат податоците собрани од посетители на онлајн сервис Бизнис ИД преку својот портал или мобилна апликација.

Оваа Политика за приватност се однесува исклучиво на корисниците на онлајн сервисот. Доколку на веб сервисот е содржан екстерен линк кој ќе ве поврзе со други веб страници, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштита на личните податоци која е обезбедена од тие надворешни страни.

Ние ги собираме личните идентификациски од посетителите само доколку тие самите се согласат да ги достават таквите податоци до нас преку пополнување на некој формулар за регистрација на нашиот онлајн сервис.

Доколку се регистрирате за закуп на услуга на нашиот сервис, сите ваши лични податоци (име, презиме, телефонски број на сопственик) ќе се користат исклучиво за потребите на процесирање на вашата нарачка.

Личните податоци кои ги собираме за процесирање на вашата нарачка за услуга, нема да се продаваат, изнајмуваат и доставуваат на трета страна, освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република С. Македонија.

Бизнис ИД ги превзема сите пропишани технички и организациони мерки за обезбедување на тајност и заштита при обработка на лични податоци на клиенти со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална лична злоупотреба.

Нашиот онлајн сервис користи колачиња („Cookies“) за да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се мали датотеки кои се внесуваат на уредот на посетителот на web серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на услугата и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена.

Доколку сте регисрирани на нашиот онлајн сервис, врз основа на ваше писмено барање вие имате право да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за вас и кои се целите и правната основа на обработката на личните податоци, како и да пристапите до вашите лични податоци и истите да ги измените, дополните или да побарате да ги избришеме.

Визитинг Инфо не прифаќа било каква одговорност за штетите што настанале со склучување на договор, водење судска постапка или друго, доколку штетата настанала поради користење на нашиот онлајн сервис Бизнис ИД. Со исклучок на материјалите кои се од правен карактер, останатите материјали претставуваат наши гледишта и ставови и истите не се правен или стучен совет.

По наша одлука, сметајќи дека можеме да придонесеме поголем бенефит за вас и вашиот бизнис, ние понекогаш може да вклучиме или понудиме, производи или услуги од надворешни субјекти на нашиот онлајн сервис. Овие надворешни линкови имаат посебна или независна политика за приватност. Ние се оградуваме од одговорност за содржината и активностите на надворешните вебстрани.

Визитинг Инфо како правен застапник на Бизнис ИД, го задржува правото во целост, во секое време да ја измени или дополни оваа Политика за приватност, без претходно известување. Истата стапува на сила по објавувањето на оваа страна, каде се напишани сите членови.

*Последна промена: 18.08.2021

Додај Место