Опис

Залив на Коските — залив во Охридското Езеро и археолошко наоѓалиште на праисториска наколна населба од доцнобронзеното и раножелезното време. Сместен е до полуостровот и автокампот Градиште, меѓу селата Пештани и Трпејца. Длабок е 3 до 5 метри.

Местото е наречено „Плоча Миќов Град“ и денес има реконструкција на наколните живеалишта (Музеј на вода „Залив на Коските“) и платформи, како и свој посетителски центар со изложбен простор за наодите. Над него се издига обновено римско утврдување (каструм) со воени објекти од тоа време, во наоѓалиштето наречено Градиште.

Локација

Muzej na voda, Македонија

Регион
  • Сè уште нема коментари
  • Додадете преглед

    Вие исто така може да бидете заинтересирани

    Додај Место