Опис

Стоби — древен град кој со својот урбан дел се наоѓа на три тераси, што се спуштаат кон Црна Река, опкружени со ѕидови, а на устието меѓу Црна Река и Вардар. Археолошкото наоѓалиште Стоби е со површина од 1.600 квадратни метри.

Познато е дека тука минувале главните патишта кои ги сврзувале областите на преден Дунав со средоземните земји, уште од предисторискиот период. По овој главен пат на Балканскиот Полуостров се движеле културните влијанија од југ кон север и обратно. Црна Река, од друга страна, претставувала природен пат кој ги сврзувал централните области на Македонија со Јадранското Море. Во римскиот период покрај Црна Река водел значаен пат, кој го поврзувал градот Стоби со Вија Егнација кај Хераклеја Линкестис, близу до денешна Битола.

Така градот Стоби заземал мошне значајна стратегиска, воена и трговска позиција во античкиот период. Јужно од градот се наоѓаат траги од предградија, додека портата на градот што води кон Хераклеја, а по падините од Гробјанската црква до базиликата во Паликура, се наоѓаат повеќе некрополи.

Тие некрополи се од хеленистички, римски, ромејскиот (средновековниот римски) и словенски период.

Повеќе информации : https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%BE%D0%B1%D0%B8

Локација

Stobi, E75, Македонија

Регион
mood_bad
  • Сè уште нема коментари
  • Додадете преглед
    Додај Место