Онлајн платформата Business ID – Бизнис ИД (во понатамошниот текст: Бизнис ИД, Business ID, BID.mk, bid.mk, платформа) ви овозможува користење на услугите и содржините на својот портал и мобилна апликација кои истите ги регулира со овие Услови за користење и истите важат за сите содржини, страници, услуги, интернет домени и поддомени во сопственост на BID.mk.
Со користење на платформата BID.mk, неговите сервиси, содржини и услуги се смета дека корисникот во секој момент е запозаен со Условите за користење и дека во целост ги разбира и истите ги прифаќа безусловно.
Дефиниција на поими
– Business ID – Бизнис ИД – онлајн платформа за поврзување на бизниси и клиенти. Истата платформа на корисниците им обезбедува пристап до информации, разни информатички услуги, кои се предмет на овие Услови за користење.
– ВИЗИТИНГ ИНФО ДОО – правен застапник на платформата BID.mk. Друштвото е регистрано во Централен регистар на Р.С. Македонија со ЕДБ 4006016512284, е-пошта: info@visiting.mk и ги нуди услугите кои се предмет на овие Услови за користење.
– Агент за соработка – Лице ангажирано и овластено од правниот застапник за склучување договори, продажба на паќети, менаџирање односи со клиенти
Регистрација и склучување на договор
Договорот се смета за склучен кога клиентот или агентот за соработка го пополнува формуларот за соработка, одбира пакет на услуги и истите ги прифаќа електронски. Клиентот е должен да ги обезбеди точни и целосни сите информации кои ќе му бидат побарани од страна на BID.mk
Давателот на услугата – онлајн сервисот BID.mk има право во секое време да го прекине обезбедување на услугата, да го раскине еднострано договорот, доколку информациите што ги доставил клиентот не се точни, не одговараат со податоците добиени преку формата за регистрација или пак примателот на услугата не ги исполнува точките наведени во договорот.
Промена на содржина на платформа, услуги и услови за користење
Бизнис ИД го задржува правото на промена, отстранување (привремено или трајно) на било која содржина на платформата и услугите без обврска за претходна најава. Бизнис ИД не е одговорен за било каква штета настаната од овие промени кон клиентот.
Бизнис ИД го задржува правото на промена на Условите за користење во било кое време и нема да биде одговорен за можните последици кои произлегле од таквите промени. Промените стапуваат на сила веднаш по објавувањето на оваа страна.
*Последна промена: 18.08.2021