6 места во Охрид кои мора да ги посетите

Нашата мала Македонија нема голем број места кои навистина може да ве воодушеват и магепсат на начинот на кој тоа може да го направат некои места во Охрид.

Покрај тоа што е едно од најубавите места во Македонија, Охрид исто така има големо историско значење за нашата мала држава.

Охрид има одлична атмосфера, голем број зеленила, но затоа што е туристичко место има и голем број објекти.

Ако некогаш го посетите Охрид, пробајте да ги видите местата кои ќе ги спомнеме. Тоа што ќе го искусите и доживеете во овие места во Охрид нема никогаш да го забораивте.

Ќе се поврзете со природата, езерото и најмногу со градот Охрид и околината – ќе добиете желба повторно да ги посетите овие места.

6 места во Охрид кои не смеете да ги пропуштите

Следниве се некои од најдобрите места во Охрид. Одберени се од повеќе категории – историски, култирни, природа и други.

#1: Музејот на вода

Музејот на вода е еден од тие локалитети кои се уникатни дури и низ светот. Изграден е врз езероти и е поврзан со копното преку мост.

Оваа туристичка атракција претставува жиевалиште од железното и бронзеното време.

На јужниот дел од полуостровот „Градиште“ во Заливот на Коските била издигана праисториска палафитна населба која била со големина од околу 8500 метри квадратни.

Локација ? ?

#2: Самоиловата тврдина

Самоиловата тврдина – првично изградена од Филип Втори Македонски – е една од најзначајните историски градби.

Оваа тврдина претрпела многу промени низ историјата бидејки била користена од повеќе кралови и народи после Филп Втори.

Иако претрпела толку многу промени, тврдината останува едно од најубавите места во Охрид – а можеби и во целата држава.

Локација ? ?

#3: Манастир Св. Наум

Манастирот Свети Наум е изграден на на висока карпа над најјужната точка на Охридското езеро. Изграден е во име на Наум, кој бил соработник на Климент.

Но убавината на ова место не е само Манастирот и старата градба. Погледот кон Охридското езеро ќе ве магепса и ќе ве освои.

Локација ? ?

#4: Кафе бар Куба Либре

За жал, плажата на Куба Либре веќе не постои.

Ако сакате поглед, па и пристап до Охридското езеро, нема подобро место од ова кафуле.

Со мостот кој што тие го имаат врз Охридското езеро, тие овозможуваат прекрасен поглед без никакви пречки.

Исто така имаат изградено скалила за капење во Охридското езеро. Скалилата се поставени на крајот на мостот и се спуштаат директно во езерото, но за жал нема огромен простор за капење.

#5: Пештани

Ова рибарско селце е лоцирано веднаш до езерото, и без разлика каде ќе се сместите, ако сте во Пештани, вие сте блиску до плажата.

Ова е едно од најубавите и најмирните места во Охрид, погодно е за сместување, иако е доста далеку од самиот град.

Локација ? ?

#6: Трпејца

Трпејца е едно од тие места во Охрид кои се тешко достапни за автомобили, бидејки имаат тесни улички и премногу густ сообраќај во летниот перидо.

Но тоа не ги спречува лугето. Некои со автомобили, неко со велосипеди го посетуваат ова место.

И неможам да ги обвинам. Водата на ова место излгеда како да се капите на луксузна плажа во грција.

Локација ? ?

За крај

Ако ги посетите овие места во Охрид, убавиот и интересен помин ви е загарантиран. Но, овие се само некои од подобрите атракции во Охрид.

Не заборавајте да го посетите и градот Охрид. Таму ќе најдете голем број на раздвижени туристи, огромен број на кафетерии и пицерии, и многу продавници за сувенири.

Коментари

  • Сè уште нема коментари
  • Додај коментар
    Додај Место