Како до повеќе оценки за вашиот бизнис? Добивајте повеќе бизнис рецензии

Вашите бизнис рецензии може да бидат одлична маркетинг стратегија. Но исто така може да бидат многу штетни за вашиот бизнис. Во овој пост ќе дознаете неколку совети кои ќе ви помогнат да добивате повеќе оценки за вашиот бизнис.

Но, пред да го зголемите бројот на рецензии, добро размислете дали има нешто кое може да го подобрите – и со тоа да ги подобрите оценките од вашите муштерии.

Шансите се големи дека ако некој остави оценка за вашиот бизнис – тоа ќе го раскаже на неговите или нејзините пријатели.

Што може да се запрашате?

  • Дали вашиот персонал се поставува пријателски и со насмевка на лицето?
  • Дали приготвувањето на храна се врши на најдобар можен начин?
  • Дали греењето или ладењето е соодветно во секој период од годината?
  • Дали вие би јаделе во вашиот ресторан или во компетиторскиот ресторан?

Ако некој од одговорите на овие прашања не ви се допаѓа, почекајте пред да го зголемите бројот на бизнис препораки.

Максимално олесенете го процесот за оставање бизнис оценки

Најпрвиот чекор кој треба да го направите е да го олеснете процесот за пишување бизнис рецензии. Најлесен начин да го направите ова е да се зачлените на повеќе платформи за бизниси кои ќе ви овозможат да добивате бизнис оценки или бизнис препораки.

Исто така креирајте профили на социјалните мрежи. Facebook е една од тие мрежи која дозволува да се оставаат бизнис оценки на профилот на вашиот бизнис. Facebook е исто така најкористената социјална мрежа – а тоа значи дека голем број од вашите клинети се веќе зачленети.

Охрабрувајте ги вашите клеинти да остават оценка за вашиот бизнис

Постојат многу начини да ги охрабрите вашите клиенти да ви оставаат повеќе бизнис рецензии.

Еве некоклу од тие начини:

  • Промовирајте го местото каде што клиентите можат да остават бизнис рецензии
  • Поттикнете ги вашите клеинти да оставаат оценки
  • Поттикнете ги вашите вработени да прашуваат за оценки

1. Промовирајте го местото каде што клиентите можат да остават бизнис рецензии

Ако сеуште не сте се зачлениле на некоја бизнис платформа која ќе ви овозможи да добивате бизнис рецензии во дигитална форма, сега е време да го направите тоа.

Линкот до вашиот веб-сајт (пр. https://bid.mk/i/senigallia/) можете да го промовирате на вашто мени, во форма на QR код или слично.

2. Поттикнете ги вашите клиенти да оставаат оценки

Ова можете да го направите со овозможување на додатни бенефиции за клиентите кои оставаат бизнис препораки.

Привлечна опција за оваа задача е месечна наградна игра за сите клиенти кои напишале рецензија за вашиот бизнис овој месец.

Секако, не смеете да ги обврзувате да оставаат позитивни бизнис рецензии, бидејќи освен што не е етички – може да ви додели голема репутација за потплатување на клиенти.

3. Поттикнете ги вашите вработени да прашуваат за оценки

Ако вашите клиенти си поминале добро во вашиот ресторан, на нив не им е проблем да остават една позитивна бизнис рецензија. Проблемот е што најчесто не им текнува да го направат тоа.

За да го поттикнете тоа може да ги наградувате вработените кои прашуваат за оценки. Тоа може да биде фиксна сума на пари, додадена во месечната плата.

Клиентите ќе остават рецензија бидејќи си помилане одлично, а вработените ќе бидат многу позадоволни од работата бидејќи добиваат награди за работа која не им одзема многу време.

Анализирајте ги вашите клиенти

Дали повеќе привлекувате млади гости? Дали голем дел од нив се туристи од друга држава? Можеби најголем дел од вашите клиенти се Македонци?

Сето ова може да ви помогне подобро да ги мотивирате вашите клиенти да оставаат овенка за вашиот бизнис.

Ако голем дел од вашите клиенти се Македонци, најдоборо би било да корисите македонска бизнис платформа за добивање бизнис рецензии.

Ако пак голем дел од клиентите ви се странци, тогаш можеби е подобро да го промовирате вашиот TripAdvisor профил.

Ако пак најголем дел од вашите клиенти се пензионери, добро би било да вметнете пошетнско сандаче означено со „пофалби и поплаки“, бидејќи постарите лица многу малку користат дигитална технологија.

Но ако имате клиенти од сите сфери, зошто да не ги користите сите алатки?

Претворете ги оценувачите во бренд амбасадори

Вашите најсреќни муштерии насекаде ќе зборуваат за вашиот сервис и квалитет. Наградете ги и овозможете им да ве промовираат на полесен начин.

Наградата немора да биде огромна, може да биде еден оброк неделно, или парична награда за објавување и добивање допаѓања на социјалните мрежи.

Ако пак сте продавница за облека, можете да им давате облека на вашите амбасадори за тие да објавуваат фотографии со таа облека. Ова ќе привлече повеќе клиенти кон вас.

Овозможете им пристап до вашите бренд материјали, ваштео лого, мото и слично. Размислете дали е исплатливо да вработите некои од вашите брнд амбасадори.

Заблагодарувајте им се на оценувачите

Ако бизнис платформата го дозволува ова, заблагодарувајте се на сите личности кои ви оставаат преорака, без разлика дали тоа е позитивна или негативна.

Ако е негативна, имате уште поголема причина да одговорите, да прашате што бил проблемот и да најдете начин да го решите.

Како награда за некоја феноменална оценка, можете да доделите купон со попуст или нешто бесплатно кое ќе го натера клиентот уште повеќе да го промовира вашиот бизнис, а можеби и да стане брнд амбасадор.

Коментари

  • Сè уште нема коментари
  • Додај коментар
    Додај Место