Одмор на море – 10 совети за одличен одмор ова лето

Ќе одите ли на одмор на море ова лето? Дали се двоумите за тоа што да понесете или на кое место да одите? Ние ги имаме точните совети за одмор за вас, без разлика каде ќе одите!

Најверојатно сте го имале истото искуство како моето. Само што стигнавте во вашето одбрано место за одмор, се отпакувате и тогаш забележувате – нешто ви фали.

Или пак кога се враќате од некое патување, отварате на интернет и случајно видувате некои интересни места кои сте требале да ги посетите.

Во овие моменти не се чуствувате најдобро.

Затоа ви креиравме мини-шрирачник за да го имате најдобриот одмор ова лето!

10 Совети за подобар одмор ова лето

#1 – Дигитализирајте ги вашите документи

Најверојатно нема да ви бидат потребни, но добро е да ги имате вашите лични документи во дигитална форма. Ова се документи како лична карта, возачка, картички пасош и слично.

Во случај да изгубите некој од нив, ќе ги имате во дигитална потреба ако ви требаат тие информации.

Заради крадци, не е практично да ги носите секогаш со вас. Ако сте на одмор на море, најверојатно и нема да ви бидат потребни.

Скенирајте ги и додадете ги на Гугл Драјв (Google Drive) или пратете си ги на меил за да ви бидат достапни во секој момент.

#2 – Симтете си офлајн мапа на телефонот

Пред десеттина години, овој совет би бил да си купите мапа веднаш штом ќе стигнете на вашата дестинација за летен одмор. Но поради големиот раст на технологијата, сега не ви треба интернет за да користите мапи.

Отворете Гугл Мапс (Google Maps) на вашиот телефон и во менито ќе видите опција “Offline Maps”, кликнете таму и потоа кликнете “Select your own map” > одберете кој дел од светот сакате да го симнете.

Ако сте заинтересирани за одмор на море, оваа мапа може да ја искористите и за да најдете добра локација за вашиот одмор.

#3 – Предвреме резервирајте сместување

Барањето сместување брзо може да се претвори во вашиот најлош кошмар. Затоа, кога одите на летен одмор, најдобро е предвреме да резервирате смештај.

Ова е особено препорачливо ако одите на одмор на море. Приморските градчиња најчесто се преполни во летниот период. Наоѓањето сместување може да биде многу тешко, па дури и невозможно.

#4 – Понесете храна и вода за по пат

Никогаш не знаете што може да се случи додека патувате до вашата дестинација за летен одмор. Можно е да се расипе автомобилот или автобусот. Можно е да има голем застој на граничниот премин.

Можни се и многу други непредвидливи сценарија, затоа понесете вода и храна со вас за вакви случаи.

Локациите за одмор на море често се и преполни, затоа ако мислите да барате сместување без предвремени резервации препорачливо е да понеседе добра количина на храна и вода.

#5 – Размислете со кого патувате

Ова може да звучи грубо и можеби мислите дека не треба да биде во оваа листа, но грешите. Друштвото кое патувате може да го разубави вашиот одмор, но може и да го отежни.

Затоа размислете со кој ќе одите на летен одмор на море. На одмор одите за да си поминете убаво, не за да се мислите зошто воопшто отидовте.

#6 – Направете огромен број фотографии

Фотографиите и видеата ви се единсвен спомен од вашиот летен одмор. Не заборајавајте да го фотографирате секој дел од вашиот одмор.

Ако сте на одмор на море, не плашете се да влезете во вода со телефонот, се додека не го намокрите, нема да се расипе.

Немора да имате врвен апарат за да фотографирате или снимате. Големи се шансите да имате сосема доволно добра камера на вашиот телефон.

#7 – Направете листа од места кои сакате да ги посетите

Можеби звучи смешно, но најверојатно ќе заборавите на некои од местата кои сте планирале да ги посетите.

Затоа направете листа – на хартија или дигитално од местата кои сакате а ги посетите.

#8 – Изолирајте се од дигиталниот свет

Најчесто кога луѓето одат на летен одмор, многу ги користат своите мобилни телефони за работи кои не се потребни. Најчесто сеуште се поврзани на социјалните мрежи и кога се во соба сурфаат по нив.

Препорачливо е да се дисконектирате од сите социјални мрежи додека сте на одмор и да не го користите телефонот, освен за работи кои ви се потребни.

Фотографирање, пораки и повици се единствените три работи за кои ви е потребен телефонот.

Понесете книга со вас на вашиот летен одмор. Ви ветувам дека е многу подбро да читате книга, отколку да сурфате по социјалните мрежи.

#9 – Креирајте си резервен буџет

Голема е веројатноста дека ќе потрошите повеќе пари одколку што првично сте планирале. Понесете резервни парични средства или дебитна/кредитна картичка која не е празна.

Никогаш не знаете кога ќе ви затребат повеќе парични средства.

#10 – Не излегувајте со работи кои се критични

Голем број кражби се случуваат во туристички места, често на плажа.

Затоа кога излегувате да прошетате или одите на плажа, не понесувајте критични работи со вас. Под критични работи спаѓаат работи како:

  • пасош – бидејќи неможете да се вратите без него
  • голема сума на пари – бидејќи ви се потребни за вашиот одмор

За крај

Не е потребно да ги искористите сите совети од оваа листа. Но факт е дека сите би можеле да бидат корисни на некои луѓе.

Многу е битно која локација ќе ја одберете за вашиот летен одмор. Одмор на море е примарниот избор на повеќето од луѓе, но тоа не е секогаш најдобриот избор.

Најважно е да имате одличен помин, па дали тоа ќе биде одмор на море или ќе одите на некоја друга туристичка локација не е толку битно!

Коментари

mood_bad
  • Сè уште нема коментари
  • Додај коментар