Сите ние обожаваме да одиме на одмор на море. Но колку е тоа добро за нас? За споредба, одмород во природа влијае многу подобр на човечкто тело.
Една од причините е вревата. Кога одиме на одмор на море, најчесто не одмараме и сеуште сме во некое градче каде што има голема врева.
Освен вревата има и голем сообраќај, кој придонесува за загадување на воздугот. Освен тоа, најчесто нема голем број дрвја, па воздухот е секогаш потежок од оној планинскиот.
Сето тоа е стрес за човечкото тело, па затоа добро е понекогаш да се одделите од тој стрес.
Еве 5 места за одмор во природа кои треба да ги посетите.
Секако, сите места не се на исто ниво. Некои се подобри, некои се помирни, некои се почисти. Во оваа листа се соберени најдобрите места за одмор во природа.
Матка е кањон на реката Треска – десна притока на Вардар. Матка можеби е најубавото место за одмор во природа во Македонија.
Прогласен за еден од десетте најдобри канјони во Европа – Матка е одлично место и за авантуристи, кои обожаваат патеки за пешачење обиколени со природа.
Секојдневно се објавуваат голем број фотографии од кањонот Матка – најмногу на социјалните мрежи.
Нема голем број на локали за сместување, но тоа не треба да е проблем. Вие одите за да ги видите убавините на Матка, не за да седите во хотелот.
Бела Вода е туристички комплекс кој се наога на дното на Малешевските планини. Во празничните периоди е топло, со мирис на скара и добра музика.
Местото е опколено со природни шуми, одлични гледки и чист воздух. Има огромен број можности за фотографии и авантури.
Погоден е во летниот, но и во зимскиот период – само да сакате да се одморите. Исто така имаат коњи кои се достапни за јавање, секако по одредена цена.
Малото село лоцирано на надморска височина од 1450 метри во секој перидо од годината ги воодушевува минувачите со авантури, богато културно наследство, и раскошни пејзажи – а и добри фотографии.
Поради тоа што лежи на надморска височина од 1450 метри, воздухот во ова мало селце е беспрекорно чист и здрав за дишење.
Во летниот пероид температурата е перфектна – свежа, пријатна за уживање. Но затоа зимите се малку постудени од тоа што најчесто го чувствуваме во зимскиот период.
Се вели дека Галичник е еден од најубавите и најатрактивните делови во Македонија и Балканот.
Вевчани е еднп од селцата во Македонија кои имаат многу историски и природни богатства. Се наога во близина на Струга во истоимената општина – Вевчани.
Лежи на надморска височина од 800 метри – тоа придонесува за многу пријатни летни температури, но и студени зимски температури.
Вевчани е познат по карневалот, кој веќе се одржува 14 векови наназад. Започнува на 13-ти јануари – затоа овој период е еден од најдобрите за посетување на Вевчани.
Иако Маврово е примарно зимска туристичка локација заради скиањето – исто така може да биде и добра летна атракција.
Атракции како црвката „Свети Никола Летен“ која во летното време е најчесто под вода го прават Маврово одлична летна дестинација.
Исто така, поради надморската височина од 1200+ метри – температурите се одличнии во летниот период, но малку постудени во зимскиот.
Во зимскиот период има голема количина на снег – но и скијачки терени. Исто така, во зимскиот период можете да го посетите снежниот град Бунец за потполно да се воодушевите.
Што чекате? Испланирајте ја вашата следна дестинација во природа!
Доста беше бучава, ноќен живот и динамика. Време е да се одморите од сето тоа што е присутно во градовите и да го рехабилитирате вашето тело.
Овие дестинации се перфектни за одмор во природа – чист воздух, одлични глетки и природни атракции.