14 маркетинг стратегии за ресторан

Ресторанот е еден од тие бизниси кои имаат огромна компетиција, затоа треба да направите се што можете за да успеете. Во овој пост споделуваме повеќе од 14 маркетинг стратегии за ресторан.

Ви ветувам дека со овие стратегии можете неколкукратно да ја зголемите побарувачката и да нахраните многу повеќе гладни стомаци!

14 Маркетинг Стратегии За Ресторан

Најверојатно нема да имате доволно време и пари за да ги примените сите маркетинг стратегии на оваа листа. Ве советувам да одберете неколку кои најмногу ви се допаѓаат и да се фокусирате на нив.

Ако се фокусирате на премногу стратегии истовремено, шансите се големи да не успеете со ниту една.

1. Слики од храна

Ако сте хомо сапиенс, големи се шансите често да ја отварате Instagram апликацијата. По тој повод, најверојатно сте виделе голем број слики од храна – од ресторани, а и од ваши пријатели. Тоа не е без причина.

Најдобриот начин да го промовирате вашиот ресторан е со неодоливи, високо-квалитетни фотографии. Графичката содржина е една од најмоќните маркетинг стратегии за ресотран во денешно време.

Coffee In, иако не е ресторан, има неодолив инстаграм профил кој заслужува многу повеќе следбеници одколку што има.

Но без разлика колку и да е вкусно јадењето, ако фотографиите се непрофесионално направени, нена да привлечат внимание.

Најдобро би било да викнете фотограф кој е искусен и фотографира веќе подолго време. Тој може да ви биде другар, или платен професионалец – или пак можеби вие сте таа личност.

2. Програма за лојалност

Иако вашиот ресторан можеби е најдобар во регионот, тоа не прави никаква разлика додека клиентот прв пат не влезе во вашиот ресторан. Затоа добра идеја е да креирате програма за лојалност.

Ова може да биде картичка за попуст, со која вашите клиенти ќе можат да добиваат поени за секој потрошен денар – и на крај да учествуваат во наградна игра.

Можностите за промоција со програма за лојалност се бесконечни. Затоа оваа стратегија е на второ место на оваа листа – бидејќи е една од најдобрите маркетинг стратегии за ресторан.

3. Зачленете се на бизнис регистри

Бизнис регистрите држат огромна моќ во ресторанската индустрија. Тие ви овозможуваат да го објавите вашиот ресторан на платоформа која е направена за една причина – лесно пребарување на бизниси.

Најчесто овие платформи нудат и бесплатни објави, па искористете ја таа можност. Но, ако сакате повеќе прегледност и детали, платете за подетална објава ако цената ви одговара.

Бизнис регистрите исто така ви овозможуаат да примает пофалби и критики во форма на преопраки и оценки.

Овие платформи ви дозволуваат да ги додадете сите можни детали како:

  • Голем број фотографии
  • Работни часови
  • Адреса
  • Мени
  • Ниво на цени
  • Карактеристики како Wi-Fi, Паркинг, Резервации и многу повеќе

4. Креираје Google My Business акаунт

Кога пребарувате ресторани на Google, самиот пребарувач ќе проба да ви даде податоци за точниот ресторан кој го барате.

Со креирање на Google My Business акаунт, вие преземате контрола врз резултатот од ова пребарвање. Можете да додадете многу повеќе информации и да одредите како ќе изгледа вашиот бизнис на пребарувачот, а и на Google Maps.

Оваа макретинг стратегија е една од најлесните, но сепак може да донесе голем број клиенти во вашиот ресторан.

5. Праќајте емаил кампањи

Ова е маркетинг стратегија која не би ви дошло на памет да ја искористите за ресторан. Но таму сте згрешиле. Емаил маркетинг е добра опција во било која индустрија.

Одберете соодветна фреквенција на праќање пораки, немора да биде секоја недела. Можеби е подобро да биде еднаш месечно – клиентите ќе ве обожаваат затоа што не спамирате.

Факт е дека 99% од потрошувачите го проверуваат својот емаил секојдневно. Што мислите,  каков  ефект има ако некој се разбуди и веднаш ја види вашата порака?

6. Поттикнете објави од вашите муштерии

Содржина која е објавена од вашите клиенти има многу поголемо значење одколку содржината која вие ја објавувате. Луѓето се скптични кога доаѓа до доверба во бизниси, и тоа со добра причина.

Има многу бизниси кои креираат лажен маркетинг, но кога ќе го купите нивниот прудкт, тој не е ни близу до тоа што е прикажано во нивните маркетинг кампањи.

Затоа кога корисници на некоја услуга објават рецензии или слики од истото, тие имаат многу поголемо значење.

Поттикнете го ова, хостирајте фото-контест – најлајкуваната слика добива награда,  вечера за двајца или слично. Ова ви помага да ги конвертирате посетителите во лојални клиенти.

Оваа маркетинг стратегија за ресторан е ретко користена, но може да донесе големо зголемување на побарувачката.

објави од клиенти

7. Споделувајте позитивни рецензии

Можеби ви звучи смешно, но вашите позитивни рецензии треба да бидат видени од широка публика.

Ве објавија во некој весник? Споделете го тоа.

Ве објавија на некој веб-сајт? Споделете го тоа.

Видовте одлична рецензија од ваш муштерија? Споделете ја.

Вашите лојални фанови ќе ги споделат вашите новости, а со тоа ќе достигнете многу поширока публика и ќе привлечете нови потенцијални лојални клиенти.

8. Стартувајте блог

Содржинскиот маркетинг стана хит во последно време, па зошто да не бидете и вие дел од тоа?

Блогот ви овозможува да формирате карактер за вашиот ресторан, да остварите поголема доверба со вашите клиенти и на лесен начин да објавувате новости.

Неколку идеи за содржината на вашиот блог:

  • Рецепти за храна и пијалоци
  • Интересни приказни
  • Ваши специјалитети
  • Листи на најдобра храна во вашиот ресторан

Блогот немора да биде огромен проект. Може да биде нешто ситно кое не ви одзема многу време. Можете да постирате еднаш неделно.

Важно е да го имате блогот со постојани читачи во случај да имате некое известување.

9. Поттикнете рецензии

Кога сте нов ресторан, на почетокот може да ви биде тешко да достигнете до голем број луѓе и да добивате рецензии и оценки за вашата услуга.

Една од најдобрите маркетинг стратегии за ресторан за да добивате рецензии и оценки е да ги мотивирате вашите посетители да напишат рецензии за вас. Ова најдобро се прави со понудување на бесплатна храна, како награда за оставената оценка.

Исто така размислете и контактирајте некои онлајн личности кои често објавуваат фотографии со храна. Оваа реклама може да ја платите и со парична вредност, но во најголем број од случаите тоа ќе се исплати.

10. Верификувајте ги вашите онлајн податоци

Гурманите обожаваат да истражуваат онлајн за рестораните – 89% од потрошувачите истражуваат онлан пред да одберат ресторан за вечера. Затоа е критично да проверите дали вашите онлајн информации се точни.

Не застанувајте само на Facebook и Instagram, продолжете да истражувате и проверувате по бизнис регистри и слични платформи. Ако некој вебсајт има неточни податоци, контактирајте ги, тие сакаат да прикажат точни податоци исто како и вие.

11. Имајте одлично скоцкано онлајн мени

Веќе заклучивме дека голем број од вашите потенцијални клиенти обожаваат да истражуваат по интернет. Не ги терајте да се тепаат за да го најдат вашето мени. Наместо тоа, објавете го вашето мени на начин кој е лесен за читање, но осигурете се дека последната верзија од менито е секогаш достапна.

Повеќето онлајн платформи ќе ви овозможат да го објавите вашето мени, најчесто како дел од профилот на вашиот бизнис. Но ако тоа не е возможно, креирајте PDF од вашето мени, и закачете го на вашиот вебсајт или на сервис како docdroid.

12. Олеснете го процесот на испорака

Во денешниот онлајн свет, се помалку и помалку се користи телефонирајњето, а луѓето се префрлуваат на пораки. Вие, како сопственик на бизнис, треба да го адаптирате вашиот бизнис за да привлечете повеќе клиенти.

Еден начин да ги искористите бенефициите на онлајн светот е да поставите онлајн систен за нарачки. Знам што помисливте – премногу скапо и без големи бенефиции. Но тоа не е точно.

Системот за онлајн нарачки немора да биде скап, а може да ви донесе голем број нови клиенти. Ако вашиот конкурент има апликација за онлајн нарачки, бидете сигурни дека тие примаат повеќе нарачки за испорака од вас.

Ако вашито конкурент не подржува онлајн нарачки, тогаш ова е перфектниот момент да искористите една од најдобрите маркетинг стратегии за ресторан.

Најдобриот дел е тоа што онлајн нарачките сеуште не се многу развиени во Македонија.

Еден сервис кој може да ви го овозможи ова е GloriaFood – и тоа бесплатно.

13. Овозможете онлајн резервации

Исто како и онлајн нарачки за достава, ова е поле на кое што можете да го искористите интернетот за да привлечете повеќе муштерии.

На овој начин ќе го олесните процесот на резервации, но и ќе им ја олесните работата на вашите менаџери кои понекогаш се пре-зафатени со резервации.

14. Фокусирајте се на мобилни телефони

52% од вкупниот интернет сообракај се генерирани од мобилните телефони. Што значи ова?

Интернет повеќе се користи на мобилните телефони. Исто така голем број од компјутерскиот сообраќај не би ви бил од никаква корист, бидејќи е професионален – за работа.

Додека најголем дел од мобилниот сообраќај доаѓа од социјалните мрежи, а социјалните мрежи се користат за некои од најдобрите маркетинг стратегии за ресторан.

Какви акции да превземете по овој повод?

  1. Ако имате вебсајт, оптимизирајте го за мобилни телефони (ако немате вебсајт, креирајте)
  2. Кога креирате онлајн реклами, фокусирајте ги на мобилни телефони
  3. Ако немате социјални профили, веднаш креирајте ги

14 Маркетинг Стратегии За Ресторан

  1. Слики од храна
  2. Програма за лојалност
  3. Бизнис регистри
  4. Креираје Google My Business акаунт
  5. Праќајте емаил кампањи
  6. Поттикнете објави од вашите муштерии
  7. Споделувајте позитивни рецензии
  8. Стартувајте блог
  9. Поттикнете рецензии
  10. Верификувајте ги вашите онлајн податоци
  11. Имајте одлично скоцкано онлајн мени
  12. Олеснете го процесот на испорака
  13. Овозможете онлајн резервации
  14. Фокусирајте се на мобилни телефони

Коментари

mood_bad
  • Сè уште нема коментари
  • Додај коментар
    Додај Место