Како да ги мотивирате вашите гости да објават фотографии од ресторанот и храната? Бесплатна маркетинг стратегија.

Маркетинг стратегија за ресторан во денешно време е многу различна од маркетинг стратегија која била добра пред само 5 години. Затоа секогаш треба да бидете во тек со новите стратегии кои би можеле да го однесат вашиот бизнис во облаците!

Која е најдобрата маркетинг стратегија?

Во тековната година, најдобрата маркетинг стратегија, која истовремено е и најевтина, е содржината креирана од гостите на вашиот ресторан. Што спаѓа под оваа содржина?

Се што вашиот гостин може да креира и сподели – оценки, рецензии, фотографии, блог постови и слично. Сето ова спаѓа под содржина генерирана од вашите гости.

Зошто содржина креирана од вашите гости?

Постојат многу причини заради кои што оваа маркетинг стратегија е најефикасна. Еве неколку од нив.

1. Социјален доказ

Социјален доказ, буквално преведено од “social proof”, е најлесен начин да ги убедите вашите муштерии дека вашта услуга или продукт е со врвен квалитет. Со секоја слика објавена од ваш гсотин се покачува јавниот рејтинг на вашиот ресторан.

Најверојатно сте го виделе ова на многу вебсајтови – „Што мислат нашите клиенти за нас“, „Нашите задоволни клиенти“ или слични искази, проследени од рецензии за услугата или продуктот.

2. Бесплатна реклама

Среќните, а и лојални, гости ќе ви бидат како беспатна маркетинг кампања. Секоја објава која е постирана на Фејсбук или Инстаграм ќе биде видена од голем број луѓе кои им веруваат на нивните пријатели.

3. Маркетинг без вложен труд

Овој начин на рекламирање на вашиот бизнис е многу лесен бидејќи потребно е само да имате квалиетна услуга или продукт – а тоа треба да го имате од старт. Ако нудите квалитетна услуга или продукт, вашите клиенти сами ќе уживаат во фотографирањето и споделување на социјалните мрежи.

4 Начини да ги мотивирате вашите гости да објават фотографии од ресторанот и храната

1. Креирајте прекрасен амбиент во ресторанот

Ресторанот не е само место за јадење кое е оддалечено од дома. Сфатете го ресторанот како арена – храната е на бината, а госите се публиката. Сите компоненти – боите, музиката, декорацијата, уметничките дела, осветлувањето – прават голема разлика во очите на вашите гости.

Една од најважните работи во ресторанот е растојанието меѓу масите. Просторот од маса до маса не смее да биде премногу тесен или премногу широк. Треба да биде направен перфектно за да ресторанот има добра атмосфера во понеделник, исто како и во сабота навечер.

Но, со ова треба да се постават некои ограничувања – пример, не треба маса за 12 и маса за 4 да се стават една до друга, затоа што масата за 12 ќе ја убие атмосферата на масата за 4.

Атмосферата е креирана од гостите, нивните конверзации, насмевки, звуците испуштени од нивните чаши и прибор за јадење.

2. Нудете храна со феноменален изглед

Иако храната која ја служите можеби е екстремно вкусна за јадење, тоа не значи дека истата храна е екстремно вкусна за фотографирање. Начинот на сервирање на храната има голем ефект врз тоа колку ќе биде фотографирана.

Еве како максимално да ја искористите оваа маркетинг стратегија и да го подобрите начинот на сервирање.

1. Организација

Посветување време на организација никогаш нема да биде залудно потрошено време. Без разлика што и да правите во животот, вие обожавате организираност.

Истото се случува со ресторанот и фотографиите. Секој кој би објавил слика на Инстаграм сака сликата да изгледа организирано – најверојатно сте приметиле како гостите ги разместуваат чашите и чиниите пред да направат фотографија.

2. Чинија

Храната изгледа многу подобро сервирана во специфичен тип на чинија. Тоа не значи дека треба да одите и купите чинии за кои е потребно да ограбите банка. Но, добро е да се посвети внимание и на чиниите.

Експериментирајте со уникатни чинии. Можеби чинија во форма на триаголник изгледа подобро со некој вид на храна? Можеби квадратни чинии споени со квадратна пица би мотивирале повеќе фотографери? Треба де експериментирате!

3. Декорација

Листови од растенија, парче лемон или портокал – ова се само неколку идеи за декорирање на храната. Декорацијата може да и даде друг изглед на храната, да ја збогати со бои, да ги истактне важните делови од храната и слично.

3. Сервирајте храна со врвен квалитет

Ништо не е полошо од фотографија од вашата храна која изгледа перфектно, но во описот е напишано дека храната беше ладна или месото беше живо во внатрешноста.

Со врвно-фотографска храна ги подигате очекувањата за храната од вашиот ресторан. Ако храната изгледа перфектно, а не е префектна ќе имате поголем проблем – не ќе можете да ги задоволите вашите гости. Затоа, за максимално да ја искористите оваа маркетинг стратегија, посветете внимание и на квалитетот на храната.

Една од најважните работи во ресторанот е консистентноста. Ако гостин дојде денеска и вие му сервирате одлична храна, следниот пат тој ќе очекува храна со ист или подобар квалитет. Консистентноста ги прави одличните ресоторани подбри од добрите.

4. Активно промовирајте фотографирање

Освен тоа што треба ресторанот и услугата да бидат беспрекорни, можете да одите уште еден чекор понапред и активно да мотивирате фотографии од вашите гости.

Како може ова да го постигнете? Еве две опции.

1. Награда за најлајкуваната фотографија

Шемата позади ова е многу проста. Ги известувате гостите дека најлајкуваната фотографија од секоја недела добива бесплатен појадок во вашиот ресторан. Тоа може да го направите со принтање на ново мени во кое ќе биде впишана наградната игра, со објава на вашата фејсбук страна, на вашиот вебсајт или на друг начин.

2. Креирајте инстаграм хештаг (#hashtag)

Секоја тема си има свои тагови, но тоа не е довлно за да се најдат специфични слики. Затоа креирајте хештаг за вашиот ресторан и промовирајте го секаде каде што можете. Места за промовирање може да бидат: менито, социјалните мрежи, текст на шанкот, вашиот вебсајт и слично.

Со ваш сопствен хештаг, луѓето кои наоѓаат фотографии со тој таг ќе знаат дека тие фотгорафии се направени во вашиот ресторан.

За крај

Социјалните мрежи се најмоќните алатки за вашата маркетинг стратегија во денешно време. Со повеќе содржина креиарана од вашите гости вие добивате бесплатен маркетинг, и тоа со многу малку вложено време.

Коментари

  • Сè уште нема коментари
  • Додај коментар
    Додај Место