Опис
Ние сме гостилница која нуди традиционална храна во модерен и релаксиран амбиент. Се наоѓаме во центарот на Аеродром , во близина на Бисер, а сепак затскриени од динамиката и раздвиженоста на трговскиот центар.
Ние сме место каде светлата секогаш горат за вас, каде тежнееме да создадеме една пријатна атмосфера.
А тежнееме и секој посетител да ни биде пријател. Тежнееме кон тоа, да можете да влезете и да го нарачате "вообичаеното"..,но и да го вкусите секој новитет кој го имаме, зашто мотивот е никогаш да не згасне креативноста, таа да ни биде водилка во работата кон откривање на нови комбинации кои ќе ги задоволат вашите вкусови. Така, покрај традиционалната кујна, би можеле да понудиме и нешто ново, зачинето со нашиот сенс...
Не, не сме секогаш совршени, понекогаш во нешто и ќе згрешиме, но тоа никогаш нема да биде во квалитетот на храната – тоа е нашето мото!
Така, ако барате место каде храната ќе ја доживеете со сиот нејзин интензитет, ако барате место каде вашите сетила ќе доживеат комплетно задоволство, тогаш би можеле да проверите дали Ние можеме тоа да ви го понудиме.
Локација
Nalej, Булевар Јане Сандански, Скопје, Македонија
Додадете преглед