Опис

Етно Куќа Серменински Чардак се наоѓа во подножјето на планината Кожуф, 17 km одалечено од Гевгелија. Селото Серменин изобилува со стара Македонска архитектура која доста е сочувана. Селото претставува воздушна бања и е познато од дамнина дека воздухот е многу чист и уште за време турско на ова место ги носеле децата кои имале бронхијални и асматични заболувања.

Самата планина изобилува со планински извори и реки, убави велосипетски и мото крос патеки а има и параглајдинг слетиште „Стајка„.

Вилата располага со 2 фамилијарни апартмани со сопствена кујна и тоалет, една двокреветна и една трокреветна соба исто така со сопствен тоалет.

Во склоп на Етно Куќа Серменински Чардак има ресторан со доста ниски цени и во истиот се спрема исклучиво Македонска традиционална храна…Етно куќата располага со сопствена органска бавча, сопствено производство на мед, домашни јајца, домашно сирење и кисело млеко. Во склоп на куќата има и детско катче.

Доколку сакате мир и тишина, одмор на душата, чист планински воздух и звуци од ѕвонците на добитокот… Повелете во Етно Куќа Серменински Чардак.

Локација

Sermenin, Gevgelija, Серменин, Северна Македонија

Социјални мрежи
Контакт

    mood_bad
  • Сè уште нема коментари
  • Додадете преглед
    Додај Место