Опис
Веган365Кујна е мал семеен бизнис во сопственост на долгогодишни активисти за заштита на животни и животна средина кој во декември 2017 г. се отвори во центарот на Скопје.
На постојано мени има фалафел, вегебургер и соја бургери, чизбургери, комбинирани сендвичи, француски, помфрит со кечап и мајонез од наут, тостови со веганска салама и фета, високоенергетски безглутенски протеин порции, како и десерти (мафини, бомбици, чизкејк, тирамису и сезонски десерти), вегански кафиња и свежо цедени сокови. Веган365Кујна е едно од ретките места во Скопје каде што можете да најдете свежо цеден сок од калинка и можеби единственото место во Македонија со свежо цедена „фанта“
Производите кои се нудат се направени од свежи, здрави и главно локални состојки, дел од нив се органски и безглутенски.
Нашите рецепти се развивани со години со цел да се доближиме најмногу што може до традиционалните вкусови на кои повеќето од нас се навикнати. Најпродаван производ ни е вегебургер кој според критиките од клиентите е: „најдобриот сендвич што го пробале во животот“.
Уверени сме дека секој има моќ да менува, па затоа и мотото на нашето ресторанче е „Промени ја исхраната, промени го светот!“
Кај нас може да донирате за бездомните животни од Скопје. Да го промениме светот заедно!
Локација
Vegan365Kitchen, Скопје, Македонија
Додадете преглед